Дома Останати Кошарка Обрадовиќ ќе биде нов селектор на Србија?

Обрадовиќ ќе биде нов селектор на Србија?

0

Српските медиуми пренесуваат изненадувачка вест и тврдат дека Саша Обрадовиќ ќе биде нов селектор на кошаркарската репрезентација.

Александар Ѓорѓевиќ се повлече од селекторската функција по неуспехот на Мундијалот, а како главен кандидат за негов наследник се споменуваше Игор Кокошков.

Обрадовиќ е актуелен тренер на Монако, па од многу нешта ќе зависи и одлуката на сопственикот на тимот од кнежеството, Сергеј Џечел, бидејќи термините за квалификациите на ФИБА се совпаѓаат со оние на Еврокупот, каде сезонава ќе настапува и тимот на Саша Обрадовиќ.

Обрадовиќ својата тренерска кариера ја започна во 2005 година во екипата на Келн, каде што воедно ја заврши професионалната играчка кариерата. Исто така беше славен играч на репрезентацијата на Југославија која освои бројни медали, а во последно време имаше успеси со Алба и Локомотив од Кибањ.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Федерер одлучи: Ќе игра на Олимписките игри во Токио!

Најтрофејниот тенисер на сите времиња, легендарниот Роџер Федерер потврди дека ќе игра на …