Дома Фудбал Останато Обложувалниците ги открија коефициентите: Познат првиот фаворит за Златната топка

Обложувалниците ги открија коефициентите: Познат првиот фаворит за Златната топка

balon d.or

„Франс Фудебал“ вчера ги објави номинациите за „Златната топка“, најпрестижната награда за најдобар играч во светот.

За прв пат после долги години еден од првите фаворити не е Лионел Меси, овој пат главен конкурент на Кристиано Роналдо ќе му биде Лука Модриќ кој ги собра сите претходни индивидуални награди за оваа година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сега според обложувалниците Хрватот е и главен кандидат за освојување на „Златната топка“.

Доколку сакате да се обложите на Модриќ во обложувалницатаBet365 ќе добието коефициент 1.53. Зад него следи Роналдо со 3.25, на третата позиција е Килијан Мбапе со 10.0.

Обложувалниците не веруваат премногу во Гризман и Меси кои добија по 13.00, односно 15.0 коефициент, а Мохамед Салах кој беше најдобар играч во Премиер лигата има коефициент 26.0.

Наградата ќе биде доделена на церемонијата во Париз на 3-ти декември, а најдобриот ќе го изберат 176 новинари и експерти од целиот свет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…