Македонија и Косово утре играат бараж дуел во Лигата на нации, а гостите ќе бидат без неколку важни фудбалери.
Напаѓачот на косовската репрезентација, Атде Нухиу истакна дека ова е животен натпревар за сите фудбалери на Косово.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
„Утре е многу важен натпревар не само за Косово туку и за целата држава. Знаеме што значи овој натпревар за нас. Долго го чекваме овој натпревар и знаеме како играчи што не очекува и затоа сме подготвени максимално да одговориме на предизвикот“, истакна Нухиу.
„Верувам дека секој од нас знае што го очекува, и секој граѓанин на Косово е со нас. Ова е натпревар на животот за нас и ќе направиме се да дојдеме до позитивен резултат. Да замислувавме пред четири години дека ќе бидеме на меч или дв ана ЕП, секако немаше да биде реално. Сепак, ние самите сме заслужни што сме тука, напорно работивме, ангажиравме многу играчи да играат за Косово, и убаво е што сме тука каде што сме“,додаде напаѓачот на АПОЕЛ.