Реал Мадрид во ново катастрофално издание, по репрезентативната пауза, заработи уште еден пораз на своето конто и тоа од Еибар на гостувањето во рамки на Ла Лига.
Ејбар оствари триумф од 3:0 против „Кралевите“, па се чини ништо не мириса на добро во клубот од шпанската престолнина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стрелец на првиот погодок беше Гонзало Ескаланте кој го отвори резултатот во 16. минута, резултат по кој се замина на полувреме.
Но, вториот дел не изостана од шокови, со оглед на уште двата нанижани погодоци и тоа од Енрих и Кике кои ги поставија конечните 3:0 и ја отворија устата на јавноста за пропаст и нов крах за големиот Реал Мадрид.
https://www.youtube.com/watch?v=K1Xi8S8xZ2k