Дома Фудбал Останато Нов скандал на Роналдо: Ги навредуваше соиграчите, па одби да прими медал

Нов скандал на Роналдо: Ги навредуваше соиграчите, па одби да прими медал

Фудбалерите на Ал-Хилал го освоија Суперкупот на Саудиска Арабија совладувајќи го Ал Наср со 4:1, а тој пораз исклучително тешко му падна на Кристиано Роналдо.

Медиумите пренесуваат дека веднаш по натпреварот 39-годишниот Португалец отишол во соблекувалната. Останатите играчи на Ал-Наср останаа на теренот да ги примат сребрените медали.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Роналдо ги критикуваше и соиграчите откако тимот го прими четвртиот гол против Ал-Наср. Со гестикулации покажа дека спијат и играат со страв.

Ова не е првпат Роналдо да прави вулгарни гестови во тек на натпревар, а тоа не се толерира во Саудиска Арабија, па Португалецот би можел да биде казнет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Една од најголемите ѕвезди на Јунајтед со жестока реакција до фанот кој одбива да се шиша додека Јунајтед не победи пет натпревари по ред

Легендарниот играч на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, го сподели своето гледиште за приказн…