Дома Македонски спорт Мак фудбал Нов кикс на Шкендија, Вардар „избега“ на седум бода!

Нов кикс на Шкендија, Вардар „избега“ на седум бода!

Денес со почеток од 15:00 часот беа одиграни натпреварите од деветото коло во македонската прва лига од кое најмногу профитираше тимот на Вардар кој ја зголеми предноста на врвот на табелата.

Вардарци на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари славеа убедлива победа над најголемото изненадување во сезоната Академија Пандев, тим кој после овој пораз останува на третата позиција.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Црвено-црните до предност стигнаа во 30-тата минута преку Мицевски. Тоа беше и единствениот гол во првите 45 минути.

Во второто полувреме Вардар продолжи со добрата игра, за на петнаесетина минути до крајот Брдаровски да постигне гол со кој го реши победникот. Десет минути подоцна истиот играч ги постави конечните 3:0.

Шкендија денес одигра реми против Ренова 2:2. За тетовци ова е веќе трет натпревар без победа, работата можеше да биде и полоша бидејќи денес против Ренова се вадеа во финишот.

Ибраими ја доведе Шкендија во предност во 23-тата минута, но Стојановски со два гола во 53 и 54 минута го сврти резултатот во корист на гостите. За бод на Шкендија погоди Бејтулаи во 80 минута.

Во останатите натпревари Македонија Ѓ.П со 1:0 славеше против Победа, додека со резултат 1:1 завршија средбите Шкупи – Работнички и Беласица – Силекс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…