Дома Фудбал Италија Нов заразен во Серија А: Фиорентина потврди дека Влаховиќ е позитивен!

Нов заразен во Серија А: Фиорентина потврди дека Влаховиќ е позитивен!

Денес во Серија А се потврдени пет нови случаи на фудбалери позитивни на коронавирус.

Најпрво попладнево Сампдорија потврди дека четворица новуи фудбалери се позитивни на косонавирус, а веднаш потоа и Фиорентина го потврди првиот случај.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, станува збор за српскиот напаѓач од редовите на Фиорентина, Душан Влаховиќ. Тој моментално се наоѓа во домашен карантин и нема симптоми, потврдија од клубот.

„Фудбалерот Душан Влаховиќ се покажа дека е позитивен на тестот за коронавирус. Клубот сега е во координација со препораките и почнуваме со идентификација на сите кои биле во контакт со фудбалерот“, потврдија од Фиорентина.

Во моментов кај седум фудбалери од Серија А е дијагностициран коронавирусот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тажно: Победа мака мачи да не згасне – нема да игра во Втора лига

Eден од нашите најпознати фудбалски клубови, прилепска Победа минува низ тежок период во к…