Дома Фудбал Нов гол на Суарез, Атлетико на плус 6! 🎥

Нов гол на Суарез, Атлетико на плус 6! 🎥

Aтлетико Мадрид во заостанатиот натпревар од Ла Лига го победи Атлетик Билбао со 2:1 и тоа после пресврт.

Гостите од Баскија стигнаа до водство во 21. минута кога погоди Мунаин, после што следуваше реакција на домаќините.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Работите на почетокот се вратија во самиот финиш на првиот дел. Во втората минута од судиското продолжение Љоренте изедначи после асистенцијата од Лемар.

Клучниот момент се случи во 51. минута, а во центарот на вниманието беше кој друг ако не Суарез. Суарез изнуди пенал и истиот го претвори во гол.

Со оваа победа Атлетико побегна на +6 на Барселона на првото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …