Искусниот Драган Стојков од Струмица е новото засилување во редовите на Брера Струмица.
Се работи за 35 годишен дефанзивец, кој зад себе има настапувано во повеќе домашни и странски клубови, треба да биде столб на играта на струмичкиот клуб, но и мотиватор на младите фудбалери во тимот во понатамошниот тек на првенството.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Среќен сум дека после неколку сезони се враќам повторно во мојот роден град сега како член од тимот на Брера.
Покрај големото задоволство што ќе сум дел од тимот, се надевам дека со моето искуство и напоран работа ќе придонесам екипата да ја оствари заедничката цел за оваа сезона и да ја радуваме струмичката јавност“, изјави Драган Стојков кој во својата кариера има освоено КУП титули со Македонија ЃП и Јагодина во Србија.