Дома Фудбал Италија Нови информации за размената меѓу Барса и Јуве: Преговорите не се завршени…

Нови информации за размената меѓу Барса и Јуве: Преговорите не се завршени…

Каталонски Спорт денеска објави информација дека Барселона и Јувентус се договориле за размена на фудбалери во која е вклучен и Миралем Пјаниќ.

Овој медиум пренесе дека е постигнат договор Миралем Пјаниќ и Де Шиљо да одат на Камп Ноу во замена за Нелсон Семедо и Бјанконерите да исплатат дополнителни 25 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, италијанскиот новинар Ромео Агрести кој го следи Јувентус тврди дека договор не е постигнат и дека преговорите се сеуште во тек.

„Нема никаква потврда за договор помеѓу Јувентус и Барселона. Клубовите се во контакт и се обидуваат да разгледаат некои опции. Сепак, за сега нема договор.“ – напиша Агрести.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…