Tурскиот шампион Бешикташ успеа да го доведе вардаровите бисер, Бесир Гуџуфи кој оваа сезона играше во Беласица после хаосот кој се случи во Вардар.
Гуџуфи важи за еден од македонските фудбалери кои имаат најголем потенцијал, а во Турција во него гледаат како на „новиот Елмас“. Фенербахче ќе потсетиме го доведе Елмас за 200.000 евра кои ги плати како тренинг компезација, ап одоцна го продаде за 16 милиони евра во Наполи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младинскиот репрезентативец на Македонија си замина од Вардар после се што се случуваше во зимскиот преоден рок и за Беласица успеа да постигне три гола и да подели две асистенции.
Сериозно за Гуџуфи интерес покажа и Трабзон, но очигледно Бешикташ бил најсериозен во трката.