Дома Македонски спорт Мак фудбал Гуџуфи од Бешикташ се врати во ПМФЛ, ќе биде позајмен на Шкупи

Гуџуфи од Бешикташ се врати во ПМФЛ, ќе биде позајмен на Шкупи

Бесар Гуџуфи кој беше дел од младинските категории на турски Бешикташ во наредните шест месеци ќе игра како позајмен фудбалер во Шкупи.

Своевремено Гуџуфи беше дел од младинските категории на Вардар, потоа се пресели во Беласица од каде што во 2021 година доби понуда и се приклучи на турскиот гигант.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Беше пријавуван Гуџуфи за настап во турската Суперлига, меѓутоа ниту еднаш не заира за првиот тим на Бешикшташ, настапуваше само во младинските категории.

Сега тој изрази задоволство од позајмицата во Шкупи, а веќе е и со тимот на подготовките во Анталија.

„Среќен сум што станав дел од Шкупи. Тимот конкурира за титулата и Купот, сакам да помогнам да ги оствариме целите. Се приклучив на подготовките во Анталија каде што одлично бев пречекан. Останува добро да се подготвиме и да ги израдуваме навивачите во пролетниот дел од сезоната“, изјави 19-годишниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…