Дома Македонски спорт Панчев за Гуџуфи: Тоа момче е голем талент, верувам одлично ќе се прилагоди во Турција

Панчев за Гуџуфи: Тоа момче е голем талент, верувам одлично ќе се прилагоди во Турција

Пред неколку дена Бесар Гуџуфи од Беласица се пресели во турскиот шампион Бешикташ за 500.000 евра, а во Турција на него гледаат како на „новиот Елиф Елмас“.

Во Инстанбул Гуџуфи пристигнува само после шест месеци прволигашки фудбал, но со голема преспектива и во иднина со оглед на тоа колку платија за него може да се случи одлично да заработат.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гуџуфи е производ на школата на Вардар, а си замина од клубот во зимскиот преоден рок и така стана уште еден во низата таленти кои Вардар ги испушти без да добие ниту денар во последните години.

Дарко Панчев сега во турските медиуми искажа големи пофалби за талентираниот македонски фудбалер.

„Гуџуфи беше дел од генерацијата што ја водеше Пепи Георгиевски и тоа момче сигурно има иднина. Тој е крило, а може да игра и како напаѓач. Физички е силен, има добар дриблинг, едноставно кажано е голем талент. Можеби недостиг му е послабата игра со глава и тука сигурно има повеќе простор за напредок“, зборува Панчев за турските медиуми.

Според Панчев Гуџуфи нема да има проблем да се прилагоди на силната Суперлига.

„Турската Суперлига има фантастични услови. Верувам дека Гуџуфи нема да има проблем со прилагодувањето. Ако се развива според очекувањата зошто за некоја година да не направи голем трансфер како Елмас?“, истакна Панчев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …