Напаѓачот и капитен на Интер, Мауро Икарди веќе подолго време е во преговори со раководството за нов договор, а медиумите тврдат дека се договорени сите детали.
„Калчомеркато“ пренесува дека Икарди наскоро ќе стави потпис на нов договор според кој годишно ќе заработува 8 милиони евра во миланскиот клуб.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во договорот на Икарди има откупна клаузула од 110 милиони евра, која ова лето неколку клубови беа спремни да ја платат. Поради тоа Интер брза да потпише нов договор со напаѓачот во кој ќе има повисока клаузула.
Икарди и оваа сезона е во фантастична форма и на 18 меча постигна 12 гола, а минатата сезона беше избран за најдобар фудбалер во Серија А.
https://youtu.be/B9RMBHGRWt4