Во текот на вчерашниот ден Манчестер Сити потпиша нов двегодишен договор со Пеп Гвардиола и тој сега има важност до 2023 година.
Оваа информација дојде како изненадување затоа што во изминатиот период немаше такви најави, дури и се шпекулираше дека може да си замине. Сепак, сега е јасно дека Гвардиола подолг период ќе го води Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англискиот новинар и колумнист за „Дејли Мејл“ смета дека останувањето на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити значи дека Лионел Меси дојде во клубот.
„Единствен заклучок од веста дека Пеп Гвардиола го продолжил договорот за мене е дека Лионел Меси ќе се пресели во Манчестер Сити. Прилично сум сигурен дека тоа ќе се случи. Можеби во јануари, меѓутоа поверојатно е тоа да биде следното лето. Не се сомневам дека најголем мотив Гвардиола да остане до 2023 во Сити е гаранцијата дека одново ќе соработува со Меси“, стои во колумната на Самуел.