Eдуардо Камвинга е голем играч во најава, можеби играч за наредната деценија, но што е најважно изгледа станува збор за играч со здраво и правилно размислување.
Камвинга има само 18 години и на големо медиумите пишуваат дека Реал Мадрид сака да го доведе. За голем дел од јавноста и прашање е само кога, а не дали Камвинга ќе го облече дресот на Реал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, како што пишува денешното издание на „АС“ изгледа дека тој трансфер ќе биде одложен. Се очекуваше дека Реал на лето може да го доведе Камвинга во своите редови, меѓутоа последните информации говорат дека сега младиот фудбалер е блиску да го продолжи договорот со францускиот клуб кој му истекува летото 2022 година.
Судејќи според се, Камвинга и неговите блиски процениле дека е прерано за трансфер во Реал. Можеби ситуацијата со Лука Јовиќ и Мартин Одегард влијаела на тоа…Камвинга сега сака да остане барем уште една година во Рен каде што знае дека ќе игра редовно и ќе собира искуство.
„Преговорите за продолжување на договорот се во тек. Што ќе биде – ќе биде. Новинарите ме селат во Реал, но јас сум посветен на мојот клуб“, изјави Камвинга пред една недела.