Дома Фудбал Англија Нова идеја за Премиер лигата: Четири натпревари дневно на еден стадион?

Нова идеја за Премиер лигата: Четири натпревари дневно на еден стадион?

Фудбалскиот сојуз на Англија го понуди „Вембли“ и својот тренинг-центар на раководството на Премиер лигата за да се заврши сезоната, пишува „Тајмс“.

Минатиот месец поради пандемијата од коронавирусот англиското фудбалско првенство беше прекинато и се уште не се знае кога ќе биде продолжено. „Тајмс“ тврди дека продолжување можеме да очекуваме во текот на летото.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Во јуни или јули ќе се играат натпревари. Трибините би биле празни. Ако треба ќе се играат и четири натпревари дневно на Вембли“, изјавил извор близок на челниците за „Тајмс“.

Можно е секој клуб да мора да игра три натпревари неделно, а еден од плановите е сите натпревари да се играат во Лондон со цел да се ограничат патувањата и можноста за ширење на заразата. УЕФА очекува националните првенства да се завршат до август за да може да се завршат и европските натпреварувања, а потоа да почне и новата сезона.

Во моментот кога сезоната се прекина Ливерпул е убедливо прв со 25 бодови предност и потребни му се само уште шест бода за и математички да ја обезбеди титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тажна вест: Почина еден од најславните аргентински голман

Легендарниот аргентински голман Уго Гати почина на 80-годишна возраст, само неколку месеци…