Дома Фудбал Останато „Ни на небо, ни на земја“: Жервињо е губитникот на преодниот рок!

„Ни на небо, ни на земја“: Жервињо е губитникот на преодниот рок!

Жервиас Жао Коуаси познат како Жервињо е најголемиот губитник во зимскиот преоден рок.

Во последниот ден од преодниот рок Парма го продаде Жервињо на катарскиот Ал Сад, но официјална потврда за трансферот не пристигна. Медиумите на Апенините претходно пишуваа дека фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска неколку минути пред завршувањето на преодниот рок потпишал договор, но одговор од Фудбалскиот сојуз на Катар немало и сега не се знае дали овој трансфер е завршен.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Неколку дена подоцна„Газета дело Спорт“ објави нови детали. Ситуацијата на Жервињо е вистинска мистерија. Брзоногиот фудбалер „не е ни на небо, ни на земја“.

Имено, во Парма сметаат дека трансферот на Жервињо е реализиран на време, па 32 годишниот фудбалер е отстранет од тимот, додека во Ал-Сад работата не е потврдена.

Жервињо во Парма пристигна во август 2018 година. Оваа сезона играше одлично и на 17 лигашки натпревари постигна четири гола и запиша три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …