Поранешниот француски репрезентативец, Франк Рибери денес игра за Салернитана во Серија А.
На италијанскиот клуб не му оди и како што стојат работите клубот ќе се врати во Серија Б, па затоа се шпекулира и дека Рибери ќе си замине од клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на клубот од Бразил Робинсон де Кастро, Сеара кој се натпреварува во бразилската Серија А потврди дека им бил понуден Рибери. Интересно е што тој не знаел дека Французинот се уште игра активно фудбал.
„Ми се јавија и ми предложија да го доведеме Рибери. Како јас реагирав? Не ни знаев дека уште игра фудбал. Ќе видиме како ќе постапиме, не можам да ви кажам дали ќе го доведеме“.