Прва опција, покрај Един Џеко за Интер беше Ромелу Лукаку од Манчестер, но наводно тој договорил трансфер во Јувентус.
Наводно, само прашање на време е кога Џеко ќе стане нов играч на Интер, а Конте пронајде уште еден напаѓач кој би требало да игра со репрезентативецот на БиХ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се работи за Анте Ребиќ, а како што пишува Ди Марзио, преговорите се забрзани и договор може да падне многу наскоро.
Интер на Ајнтрахт за неговите услуги ќе плати 40 милиони евра. Ребиќ минатата сезона одигра 38 натпревари и запиша десет погодоци и шест асистенции.
Од друга страна, се уште се чека заминување на Икарди, а тој би требало својата кариера да ја продолжи во Рома, со која ќе се случи размена на напаѓачи.
Па така, Ајнтрахт откако остана без Јовиќ и Хелер, скоро сигурно ќе остане и без одличниот Ребиќ.