Дома Трансфер зона Ништо од трансферот на Гвардиол во Манчестер Сити?!

Ништо од трансферот на Гвардиол во Манчестер Сити?!

Изгледа дека сепак трансферот на Јошко Гвардиол во Манчестер Сити не е завршена работа.

Пред неколку дена, експертот за трансфери, Фабрицио Романо објави дека е постигнат договор помеѓу клубовите и сега следат лекарските прегледи. Сепак, тренерот на Лајпциг, Марк Рос тврди дека засега нема ништо.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


„Колку што знам, Гвардиол е наш играч и ќе остане еден од нашите играчи. Не знам ништо за некаки лекарски прегледи. Верувајте ми, јас како тренер би знаел ако имало некаков договор“, изјави Рос во разговор за „Скај Спорт“.

Исто така новинарот кој е добро упатен со трансферите од и во Германија, Флоријан Плетенберг објави дека во овој момент, договор нема на повидок. Во Лајпциг немаат ништо против Гвардиол да замине, но тоа може да се случи само за 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

За иднината на Кварцкелија се огласи неговиот татко

Грузиецот Квича Кварцкелија е еден од фудбалерите кои се желба на Барселона во летниот пре…