Дома Останати Кошарка НБА Ништо од историски пресврт: Мајами во „мајсторката“ закажа финале со Денвер! 🎥

Ништо од историски пресврт: Мајами во „мајсторката“ закажа финале со Денвер! 🎥


Викенд на градски дерби дуели: Арсенал - Тотенхем и Атл.Мадрид - Реал М. ↓↓↓


Беше Бостон на чекор од историски пресврт откако губеше со 3:0 во серијата против Мајами, но на крајот сепак не успеа да се пласира во големото финале.

Стигнаа до 3:3 и се изборија за „мајсторка“, но повредата на Џејсон Тејтум на стартот како да беше најава за нивниот пораз со 84:103.

Во отстуство на Тејтум, Браун и Смарт не успеаа да надоместат, а на спротивната страна Мајами ги искористи своите прилики и го наполни кошот на Бостон. Батлер и Мартин со 28 и 26 поени беа најефикасни кај Мајами, а треба да се истакне и Адебајо кој запиша дабл-дабл со 12 пиени и 10 скокови.

Кај Бостон, Браун уфрли 19 поени, Смарт 18, додека Тејтум мечот го заврши 14 поени.

Противник на Мајами во финалето ќе биде Денвер кој претходно лесно ја заврши работата со Лејкерс и славеше со 4:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Вакво нешто во Премиер лигата се нема случено цели 60 години

Викенд на градски дерби дуели: Арсенал - Тотенхем и Атл.Мадрид - Реал М. ↓↓↓ Манчестер Јун…