Дома Македонски спорт Мак фудбал Ништо од изненадување: Силекс со „покер“ се враќа од Баку

Ништо од изненадување: Силекс со „покер“ се враќа од Баку

Eкипата на Силекс денес не беше ниту блиску да приреди изненадување во Баку.

Карабах се пласираше во второто коло со убедлива победа од 4:0. Кратовци не беа на нивото на домаќинот и сосема заслужено го завршија настапот во ЛШ.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Одбраната на Силекс попушти после само 11 минути кога Озобиќ ја погоди мрежата на Божиновски. Вториот гол можеби беше подарок за домаќините затоа што имаше фаул над голманот Божиновски, но така не сметаа судиите. Сепак веројатно и да на беше признат работите немаше многу да се променат.

Силекс почна да игра подобро дури од кога прими и трет гол. Тогаш Ивановски и Тантуровски погодија две стативи, Ивановски имаше прилика и во која шутираше во надворешниот дел од мрежата.

Конечните 4:0 ги постави Емрели на 10 минути пред крајот на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…