Дома Фудбал Останато Нико Ковач пред нов ангажман: Го менува неговиот сонародник?

Нико Ковач пред нов ангажман: Го менува неговиот сонародник?

Германските медиуми пренесуваат информација дека Нико Ковач наскоро би можел да пронајде нов ангажман.

Поминаа десетина дена откако Баерн се раздели со хрватскиот стратег, а сега веќе се пишува дека може да ја превземе Херта која во овој момент ја води неговиот сонародник, Анте Човиќ.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Ковач и Човиќ се големи пријатели, Нико е кум на сунот на Човиќ.

Човеиќ ова лето ја превзема Херта и после 11 кола има 11 бодови на 12-тага позиција. Тука е и серијата од три порази во низа па работата на Човиќ е под знак прашалник.

Херта после репрезентативната пауза гостува кај Аугусбург и во случај на нов пораз на Човиќ веројатно би му била покажана излезната врата.

Тука се отвара шанса за поранешниот хрватски селектор кој е роден во Берлин и кој за Херта настапуваше два пати. Од 1992 до 1996 година и одигра 138 натпревари и постигна 15 голови, а од 2003 до 2006 година на 75 настапи постигна осум голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…