Нико Ковач е избран за тренер на годината во изборот на најчитаниот европски весник „Билд“.
Тренерот на Баерн ја прими на гала вечерта во традиционалниот 16-ти избор на „Билд“. Ковач минатата сезона со Ајнтрахт се избори за одличното осмо место, но го освои и германскиот куп.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во финалето го победи токму Баерн Минхен каде што премина по завршувањето на сезоната.
„Тука стојам како претставник на Ајнтрахт. Оваа награда не ја освоив сам туку сите заедно“, изјави Ковач кој потоа доби навистина тешко прашање.
Новинарите го запршаа дали би ја менувал титулата во купот за светска титула на Хрватска.
„Навистина тешко прашање, но да, би ја менувал“,одговори Ковач.
Niko Kovac has received SportBild's coach of the year award. pic.twitter.com/Z6QHCIdrw4
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) August 27, 2018