Дома Македонски спорт Николов: Нема да останам во Италија, Милевски е добар човек и одличен тренер, го чекаме

Николов: Нема да останам во Италија, Милевски е добар човек и одличен тренер, го чекаме

Бобан Николов по Европското првенство ги полни батериите за новата сезона, во која потврди дека нема да игра во Лече.

Во интервју за ТВ емисијата „Бекстејџ“, Николов зборуваше на неколку теми. Благоја Милевски ќе биде новиот селектор на Македонија, а Николов со него соработуваше во селекцијата до 21 година.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Благоја Милевски ми беше тренер во У21, мислам дека може. За мене тој исто така е добар човек и одличен тренер. Не знае повеќето, го чекаме, сега во септември има собир. Ќе видиме, најважно е сите да сме здравим, па што биде нека биде“.

Потврди и дека соработката помеѓу него и Лече е завршена, па во новата сезона ќе игра во друг клуб. Каде, ќе одлучи после 10. јули.

„Не, искрено, нема да останам во Италија. Имам таков договор, пред Европското имав некоја клазула, но не се договоривме. Сега сум слободен, сакам малку да уживам, се изморив и физички и психички. Имам некои понуди, ќе одморам, па понатаму после 10. јули ќе ги разгледам“.

ЦЕЛИОТ РАЗГОВОР НА НИКОЛОВ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…