Дома Македонски спорт Мак фудбал Никола Ристески е ново засилување за Работнички

Никола Ристески е ново засилување за Работнички


Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓



Дефанзивецот Никола Ристески (24) е ново засилување на Работнички. Тој денеска потпиша двегодишен договор со клубот и се приклучува веднаш во работата со тимот во пресрет на стартот на пролетниот дел од првенството.

Ристески доаѓа од редовите на прволигашот Борец и ќе ја зголеми конкуренцијата во одбраната на составот на Александар Влахо.

„Среќен сум што постигнав договор со Работнички, клуб со голема традиција и шампионско педигре во Македонија и надвор од нашите граници. Се надевам дека ќе дадам полн придонес во обидот тимот да ја оствари зацртаната цел во пролетниот дел од сезоната и понатамошните предизвици. Познавам голем дел од соиграчите и мислам дека брзо и успешно ќе се вклопам во новата средина“, изјави Никола Ристески.

Никола Ристески дојде од прволигашот Борец, а претходно во кариерата има настапувано за Кит Го, Еуромилк и за Кожуф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкупи се засили со играч на Македонија Ѓорче Петров!

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓ По заминувањео од М…