Дома Фудбал Англија Никако да тргне: Вилшер повторно се повреди

Никако да тргне: Вилшер повторно се повреди

Фудбалерот на Вест Хем, Џек Вилшер низ кариерата се мачи со повредите, а тој негативен тренд продолжи и оваа сезона.

Вилшер уште на почетокот на сезоната доживеа повреда на скочниот зглоб после која мораже на долга пауза, а сега му предстои уште една.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Менаџерот на Вест Хем, Мануел Пелегрини после победата над Кардиф со 3:1 потврди дека Вилшер не настапи поради повреда, а повремениот англиски репрезентативец повторно има проблеми со зглобот.

Вилшер летоска премина во Вест Хем од Арсенал, но за овој клуб одигра само три натпревари во оваа сезона. Само што се врати на теренот против Њукасл, Вилшер повторно се повреди и за сега не е познато кога ќе се врати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тренерот на женскиот Б тим на Валенсија загина со своите три деца

Во саботата Валенсија ги потврди трагичните вести дека тренерот на женскиот Б тим на овој …