Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон се уште не одлучил дали на крајот од сезоната ќе ја заврши кариерата, но изгледа е јасно дека од летото кое следи нема да биде член на Јувентус.
Буфон сонуваше да ја заврши кариерата ова лето по завршувањето на Светското првенство во Русија, но сето тоа беше упропастено кога Италија не успеа да се пласира на Мундијалот. Според пишувањето на италијанските медиуми, Буфон не донел конечна одлука за тоа дали ќе ја заврши кариерата на крајот од сезоната или ќе остане на фудбалската сцена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред неколку дена во медиумите се појави вест која шокираше многумина – Буфон кариерата би можел да ја продолжи во Аргентина и тоа во дресот на Бока Јуниорс. Дека тоа не се само шпекулации потврди и тренерот на овој клуб Гиљермо Барос Скелото.
„Претседателот Даниел Ангеличи ми кажа дека го побарал Буфон и дека разговоарале. Го прашал дали е заинтересиран да премине во Бока, но се договориле дека ќе разговараат кон крајот на мај. Тоа е се што можам да ви кажам во овој момент“, изјави тренерот на аргентинскиот гигант.