Дома Фудбал Англија Не може да дочекаме: Како вечерва ќе функционираат Ибра и Лукаку?

Не може да дочекаме: Како вечерва ќе функционираат Ибра и Лукаку?

Манчестер Јунајтед во вондредно коло му гостува на Вотфорд, нема да биде лесно во натпревар со непредвидливиот тим на Марко Силва, а новина е дека Златан Ибрахимовиќ ќе го започне натпреварот.

Тоа веднаш го поттикнува прашањето како ќе функционираат во тандем со Лукаку, дали Белгијанецот ќе биде принуден да се движи десно, или пак Ибра ќе игра во средниот ред, како поддршка за најдобриот стрелец во тимот. Најверојатно првото, бидејќи Мурињо нема да се откаже од 4-2-3-1, а со Швеѓанецот по крилата ќе игра Марсијал, а зад Лукаку, Фелаини.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


И Погба ќе започне, Мурињо има поголеми главоболки во одбраната, каде што ќе мора да проба со Линделоф и Смолинг. „Ѓаволите“ се под притисок, ако не ги добијат, Сити кој го пречекува Саутемптон би можел да стигне до двоцифрена предност, изгледа дека тоа, иако е ноември би било недостигливо.

Самиот состав покажува дека Мурињо нема многу да тактизира, дека ќе оди да постигне што повеќе голови во Вотфорд, а ќе видиме дали Ибра ќе се запише во листата на стрелци и ќе покаже кој е газда во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ја наследи капитенска лента во Тотенхем и доби нов договор

Аргентинскиот дефанзивец Кристијан Ромеро го продолжи договорот со Тотенхем до 2029 година…