Дома Луд Спорт Не знае што бира: Бензема се почести со Bugatti Chiron

Не знае што бира: Бензема се почести со Bugatti Chiron

Францускиот напаѓачки ас од редовите на кралскиот“ клуб, Карим Бензема, „си ја почести душата“ со скапоцен примерок на Bugatti Chiron вреден 2,5 милиони евра.

Првиот фудбалер кој е сопственик на овој ѕвер на тркала е големиот Кристиано Роналдо. На Бензема очигледно многу му се допаднал изборот на неговиот екс соиграч и решил да си купи ист автомобил.

Супер луксузниот „ Bugatti Chiron” е произведен во само 500 примероци. Автомобилот изгледа импресивно, само 2,5 секунди достигнува брзина од 100 км на час, а за забрзување од 300 км на час му се потребни 13,5 секунди, наводно неговата максимална брзина која може да ја достигне е 425 км на час.

Бензема инаку е голем колекционер на скапи и луксузни автомобили. Бензема во својата гаража има Lamborghini Aventador, Bugatti Veyron, Mercedes SLR McLaren, Mercedes AMG G 63, Lamborghini Urus, неколку Rolls Royce автомобили и Ferrari 488 Spyder..

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Тоа е Дејвид Бекам: Од една објава на Инстаграм доби 300.000 долари и часовник од 5.000 долари (ФОТО)

Дејвид Бекам сигурно е еден од најпознатите спортисти на сите времиња. Бекам играчката кар…