Дома Останати Тенис Не е трката со Алкараз: Ѓоковиќ ја откри главната цел до крајот на годината

Не е трката со Алкараз: Ѓоковиќ ја откри главната цел до крајот на годината

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ денес зборуваше пред медиумите за предизвиците кои следат на неговиот распоред до крајот на оваа година.

Како најважен предизвик до крајот на годината, Ѓоковиќ го издвои Дејвис Купот каде што ќе ја предводи репрезентацијата на Србија. Покрај Дејвис Купот, Ѓоковиќ ќе учествува уште на Мастерс-турнирите во Париз и Торино.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Во тек се подготовките за последните сезонски предизвици. Ќе играм во Париз и Торино, но сакам да сум успешен и на финалниот турнир од Дејвис Купот. Во Малага ќе бидеме мотивирани и верувам дека можеме до титулата. Најголема годинава ми е Дејвис Купот, ќе дадеме максимум да ја оствариме оваа цел“, изјави Ѓоковиќ.

Новинарите го запрашаа и за трката со Алкараз.

„Трката е реална и ќе постои до крајот на сезоната, но не се оптоварувам премногу со тоа, но секако сакам да ја завршам годината на првото место. Има уште неколку недели и битката ќе биде интересна“, изјави Ѓоковиќ.

Имаше Алкараз одлична можност да ја намали разликата во однос на Ѓоковиќ, но шпанскиот забележа два неуспеси на последните турнири во Кина и Ѓоковиќ има голема прилика да го задржи тронот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Идол ми е Новак Ѓоковиќ, сакам да освојам многу Гренд слемови“: На само 17 години тенисер сонува да биде најдобар во свет

Францускиот малолетен тенисер Моисе Куаме направи вистинска сензација по првото коло на ту…