Дома Фудбал Останато НЕ Е СЕ КАКО ШТО ИЗГЛЕДА: Перез е главниот виновник за заминувањето на Зидан

НЕ Е СЕ КАКО ШТО ИЗГЛЕДА: Перез е главниот виновник за заминувањето на Зидан

Францускиот стратег, Зинедин Зидан ја изненади фудбалската јавност со одлуката дека ќе ја напушти клупата на Реал Мадрид.

Зидан на клупата на Реал помина нешто помалку од три години, но направи успех кој тешко некој ќе го повтори, бидејќи со Реал три години по ред ја освојува Лигата на Шампионите. Сепак, само неколку дена по финалето ги шокираше навивачите на овој клуб со одлуката дека го напушта „Сантијаго Бернабеу“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако Зидан изјави дека едноставно е време за нови предизвици во тренерската кариера, шпанските медиуми пренесуваат дека зад неговата одлука стои друга приказна. Наводно, Зидан одлучил да ги напушти „Кралевите“ поради несогласување со претседателот Флорентино Перез.

Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, Зидан и Перез имале мал конфликт поради летниот трансфер период. Зиадн сакал да го доведе Еден Азар, но Перез му кажал дека тоа нема да се случи. Исто така, францускиот стратег не го сакал Де Геа, бидејќи е задоволен од игрите на Навас.

Меѓутоа, Перез е одлучен ова лето да го доведе Де Геа од Манчестер Јунајтед и не сакал да го слуша Перез. Очигледно е дека тоа не му се допаднало на францускиот стратег кој после ова донел одлука да го напушти клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Битка помеѓу ПСЖ и Челзи за дефанзивецот на Реал Мадрид

Иднината на Антонио Ридигер во Реал Мадрид изгледа неизвесна, додека два клуба покажуваат …