Вчера во јавноста се појави вест дека Арјан Адеми е на мета на клубовите од Рим, Рома и Лацио.
Денес португалските медиуми пишуваат дека освен за Адеми, Лацио покажал интерес и за Стефан Ристовски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалски „О Жого“ пишува дека Ристовски е втора опција доколку не успеат во намерата да го доведат Давиде Запакоста од Челзи.
Ристовски се здоби со повреда и од тој момент не добива премногу шанса во Спортинг, прв избор на трнерот Марсел Кејзер е Бруно Гаспар.
Во споменатиот медиум се наведува и дека Ристовски со сигурност ќе ја прифати понудата да се врати во Серија А каде што помина повеќе од четири години.