Карим Бензема зад себе има година во која ја освои „Златната топка“, но потоа доживеа и разочарување во репрезентацијата на Франција.
Французинот се повреди пред почетокот на Светското првенство, а тогаш настанал конфликт со селекторот Дидие Дешамп кој не прифатил да се врати Бензема во репрезентацијата по санирањето на повредата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Самиот Бензема истакна дека не планира да се врати во националниот тим, но очигледно дека Бензема немал проблем само со Дешамп туку со скоро цела француска репрезентација.
Имено, медиумите објавија дека Бензема престанал да ги следи скоро сите француски репрезентативци, оставила само петмина.
Станува збор за неговите соиграчи од Реал Мадрид, Чуамени и Камвинга, како и Мбапе, Варан и Маркус Турам.