Дома Фудбал Останато Нејмар, 222 милиони евра – една година повреден!

Нејмар, 222 милиони евра – една година повреден!

Статистичарите пресметаа податок за тоа колку време Нејмар бил повреден звучи неверојатно.

Нејмар е повторно повреден и сигурно нема да игра до 22. ноември, односно до крајот на следната репрезентативна пауза. Бразилецот зарабтои нова повреда, не е тешка како претходната, но ќе паузира околу три недели.

Статистичарите пресметаа дека Нејмар од доаѓањето во ПСЖ од август 2017 година надвор од терените бил една година, поточно 368 дена. Најдолгата пауза ја имаше во сезоната 2017/2018 и 2018/2019 кога пропушти по 17 и 18 натпревари.

Нејмар сега ќе пропушти дополнителни три натпревари, против Нант, Лајцпиг и Рен, а ќе се врати за дуелот со Монако на 22. ноември.

Ќе потсетиме, Нејмар во ПСЖ пристигна од Барселона за 222 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: Релаксираниот Баерн ќе го тестира Атлетико

Денес на програмата се натпреварите од 5-то коло во Лигата на шампиони, а дербито се игра …