Бразилецот во последната изјава за медиумите тврди дека неговиот татко не одлучува за неговата иднина и дека тој се грижи на работите надвор од теренот.
Сагата околу Нејмар никако да запре, како во француските медиуми, така и во шпанските. Иако од ПСЖ категорично тврдат дека Нејмар ќе остане во клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно таткото на Нејмар, сака уште еден рекорден трансфер за неговиот син и тоа не било каде туку во Реал Мадрид, со што втора година во низа би добил огромна сума како провизија.
Сепак, Нејмар тврди дека неговиот татко не одлучува каде ќе игра тој наредната сезона.
„Мојот татко не одлучува за мојата кариера. Јас сум тој кој е се прашува. Секако, тој е мој најдобар советник, меѓутоа на крајот одлуката е само моја“, тврди Нејмар.
Потоа тој истакна дека неговиот татко се грижи за работите кои паралелно се водат надвор од теренот.
„Мојот татко се грижи за работите кои паралелно ги водиме со фудбалот, со цел јас да можам да се посветам исклучиво само на настапите на теренот“, дополни Нејмар.