Дома Фудбал Останато Нејмар со изненадувачко признание: Јас не гледам фудбал

Нејмар со изненадувачко признание: Јас не гледам фудбал

neymar

Бразилскиот фудбалер Нејмар слободното време додека се опоравува од повредата го користи за давање интервјуа за разни медиуми.

Последен пат Бразилецот зборуваше за „Еспорте Интериво“, а сега имаше интервју со познатиот стриминг сервис „ДАЗН“, бразилската ѕвезда го откри неговиот идол од детството, но даде и еден интересен одговор поврзан за неговото слободно време.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Прашањето за неговиот идол не привлече многу внимание затоа што и во минатото Нејмар не криеше да каже дека тоа е Робињо.

„Сум кажал и претходно, мој идол од детството е Робињо. Бев навистина воодушевен од она што го правеше на теренот“, изјави Нејмар.

Потоа следуваше прашање за неговото слободно време и тука следуваше изненадувачки одговор.

„Се обидувам да гледам се што можам. Незгодно ми е, но морам да признаам дека јас во приватниот живот сум човек кој не гледам премногу фудбал. Слободното време додека сум дома го користам да гледам некои други спортови. Можеби е чудно, но тоа е вистината“, одговори Нејмар.

Претходното интервју на Нејмар во кое зборуваше и за Меси беше поразлично и поемотивно (тука)

„Кога најмногу ми требаше помош, најдобриот во светот ми посвети внимание и тука започна едно пријателство какво што сум немал претходно. Тешко ми е да зборувам за тоа, а уште потешко поради Лео кој за мене секогаш беше посебен пријател. Се сеќавам на пораката кога дојдов во Барселона како дете, ми напиша: Тука сум да ти помогнам, немој да се срамиш за било што“, изјави пред неколку дена Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалерите на Атлетико ги поздравија навивачите кои го предизвикаа прекинот, остатокот од стадионот збесна 🎥

Фудбалерите на Атлетико Мадрид во вчерашното дерби налутија голем дел од своите фанови кои…