Дома Фудбал Останато Нејмар: Сите знаат дека сакав да си заминам од ПСЖ

Нејмар: Сите знаат дека сакав да си заминам од ПСЖ

Бразилецот Нејмар призна дека во текот на летото сакал да го напушти ПСЖ, но и потенцираше дека сега е среќен во клубот.

Тој во овој момент се наоѓа на собирот на репрезентацијата за која ќе го одигра 100-тиот натпревар против Сенегал, а по тој повод на прес конференцијата се зборуваше за се помалку.

Тема беше и ПСЖ.

„Не сум среќен само во репрезентацијата, среќен сум и во клубот. Сите знаете што се случуваше во текот на летниот преоден рок и знаете дека сакав сакав заминам. Но тоа е зад мене. Сега сум среќен опуштен и се чуствувам пријатно. Оваа сезона за мене добро започна, задоволен сум од моите настапи“.

„Како што веќе и кажав, ќе се борам за својот клуб со сета сила и ќе се трудам да бидам успешен и да го дадам максимумот за да оствариме добри резултати“, изјави Нејмар.

Нејмар со своите 27 години запиша 99 натпревари за репрезентацијата и постигна 61 гол. Јубилејниот стоти ќе го одигра денес од 14:00 часот против Сенегал.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ван Перси го советува Јунајтед: Купете го Кавани, тој е гол машина

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Робин Ван Перси кој беше најдобар стрелец на кл…