Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Нејмар истакна дека е среќен во Париз, но дека се уште не е време да зборува за новиот договор.
Договорот на Бразилецот истекува на 30. јуни 2022 година поради што во последните месеци често се пишуваше за можноста да не го продолжи договорот со францускиот гигант.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Преговараме. Сите мораме да биде задоволни. Ќе повторам, среќен сум тука како никогаш до сега. ПСЖ многу напредуваше од моето доаѓње, посебно после финалето минатата година. Сега сме помеѓу најдобрите четири-пет клубови во светот“, изјави Нејмар.
ПСЖ во среда го чека првиот натпревар од полуфиналето против Манчестер Сити.
„Ќе биде тешко против Сити, играме полуфинале. Станува збор за одличен тим кој има бројни квалитети, но ние сме спремни. Јас се чувствувам добро и спремен сум за тој натпревар. Ќе направам е што можам да го одведам ПСЖ во финалето. Минатата година бевме втори, а сега ќе направиме за да го освоиме трофејот“, порача Нејмар.
Натпреварот помеѓу ПСЖ и Манчестер Сити се игра утре од 21:00 часот.