Бразилецот Нејмар продолжува да си „тера“ по свое во Париз.
Нејмар повторно одлучи да направи глупост за веројатно да биде слободен за карневалот во Рио Де Женеиро. „Л’Eкип“ откри дека Нејмар неколку пати одбил да тренира без никаква причина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Последен пат тоа се случило неодамна кога беше изоставен за куп натпреварот против Дижон. Нејмар сакаше да игра во тој натпревар за да влезе во форма за натпреварот во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд кој следеше потоа.
И самиот Нејмар после натпреварот со Борусија изјави:
„Се надевав дека ќе играм за да влезам во форма пред натпреварот против Борусија. За жал во клубот мислеа поинаку и тоа не беше моја одлука, туку на лекарскиот тим“, изјави Нејмар и јавно го впери прстот кон Томас Тухел и докторскиот тим.
Се ова води кон тоа дека на лето Нејмар ќе направи се за клубот да го продаде, негова желба и понатаму е враќање во Барселона.