Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар ова лето беше во центарот на вниманието поради „трансфер сагата“.
Бразилецот сакаше по секоја цена да си замине од ПСЖ и да се врати во Барселона, но на крајот трансферот не се реализираше.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двата клуба не можеа да најдат заеднички јазик околу обештетувањето, па Нејмар остана во Париз, а сега конечно откри зошто сакал да си замине од ПСЖ.
„Кога не си среќен, без разлика на работата, се обидувате да најдете некоја промена и место каде повторно ќе бидете среќни и задоволни. Тоа се обидов и јас да го направам, но на крајот сепак останав во Париз“.
„Како што веќе изјавив, ќе дадам се од себе во дресот на ПСЖ. Сега се е добро и среќен сум. Добро ја почнав сезоната и тоа е најважно. Сакам да помогнам да освоиме што е можно повеќе трофеи сезонава“, изјави Нејмар.