Дома Фудбал Останато Нејмар низ солзи ја откри тажната раденденска желба!

Нејмар низ солзи ја откри тажната раденденска желба!

Нејмар денеска полни 27 години, па по тој повод организираше гламурозна забава во Париз на која присуствуваа 500 гости.

Најскапиот фудбалер на светот, втора година по ред повреден и на патерици го прославува својот роденден.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Нејмар е разочаран што повторно нема да може да му помогне на својот тим во Лигата на шампиони, па низ солзи си посака што побрзо да оздрави.

„Навистина ми е многу тешко, особено кога ќе се видам со овие патерици. Сепак, вие ме правите среќен и ми ја давате потребната поддршка да бидам уште посилен. Многу сакам да се вратам на она што најдобро го знам, сакам да играм фудбал, тоа е во мојата крв. Доколку би можел да бирам подарок, тоа сигурно ќе беше нова метатарзална коска“, рече Нејмар пред гостите.

Бразилецот, наводно, сакал да ја откаже забавата, но потоа се предомислил зашто не сакал да ги разочара пријателите.

https://youtu.be/ETjZ8d5bhnI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Норвешкиот олимпиец Аудун Гронволд загина од удар на гром

Поранешниот норвешки олимписки скијач Одун Гронволд почина во 49. година од животот откако…