Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар цело лето беше главна тема на трансфер пазарот бидејќи сакаше да го напушти Пари Сент Жермен.
Имаше многу шпекулации околу неговата иднина, а Нејмар призна дека поминува низ најтешкиот период во неговата кариера.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
„Јас сум во најлошиот период од мојата кариера, имав две сериозни повреди во последните две години. Сега работам за лошите работи да не се повторат. Направив неколку грешки и свесен сум дека враќањето на довербата нема да биде лесно“, истакна Нејмар.
„Можам да кажам само дека да погрешиш е човечки, а грешките ти дозволуваат да научиш нешто ново. Кога играчот е добро и чувствува самодоверба на теренот прави многу поинакви работи, а тоа е многу важно“, изјави Нејмар.