Дома Фудбал Репрезентации Нејмар му донесе на Бразил реми против Колумбија (ВИДЕО)

Нејмар му донесе на Бразил реми против Колумбија (ВИДЕО)

Изминатата ноќ одиграни беа три интересни пријателски натпревари, а најмногу внимание привлече натпреварот помеѓу Бразил и Колумбија во Мајами.

На крајото вој натпревар заврши со резултат 2:2, а во прв план беше враќањето на Нејмар на теренот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Скоро сите зажни статистички параметри беа на страната на Бразил. Сепак, „Кариоките“ беа приселени да „бркаат“ резултат.

Започна одлично за Бразилците.  Се играше 19-тата миута кога Нејмар нафрли од кронер, а Касемиро одлично скокна и погоди за 1:0.

Потоа и Колумбија „додаде гас“ и преку Муриел брзо стигна до пресврт. Прво во 25-тата минута изедначи на 1:1, за во 34-тата минута да ја доведе својата селекција во водство.

Со водство Колумбија отиде на полувреме, а за изедначување се чекаше до 58-та минута. Кутињо испрати одлична долга топка за Дани Алвес кој го пронајде Нејмар пред голот на Колумбија кој реализираше за 2:2.

Покрај овој натпревар одиграни беа и уште две пријатеслки средби. Мексико го победи САД со 3:0, а Костарика на свој терен претрпе пораз од Уругвај со 1:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Фудбалер на Тотенхем добил закани со пиштол на улица

Фудбалерот на Тотенхем, Дестини Удоги, наводно бил жртва на шокантен инцидент во кој му се…