Кога Барселона му понуди нов договор на Нејмар пред точно 365 дена, Каталонците сакаа на сите да им стават до знаење дека Бразилецот не е на продажба.
Понуден му беше петгодишен договор со огромна клазула која од година во година расте. Тој ги прифати условите, стави потпис и се обврза на верност со каталонскиот гигант, а денес неговата цена дополнително порасна.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, како што беше одредено во договорот, новата откупна клазула на Нејмар изнесува 222 милиони евра.
Тоа е сума која веројатно ниту еден клуб не е спремен да ја плати. Познато е дека интерес за Нејмар покажаа ПСЖ и Манчестер Јунајтед, но оваа сума е преголема дури и за нив.
Иначе, неговата клазула дополнително ќе порасне и наредната година, па таа тогаш ќе изнесува 250 милиони евра. После ова, јасно е дека Нејмар ќе остане уште долго во Барселона и дека своите најдобри години најверојатно ќе ги помине на „Камп Ноу“.