Дома Фудбал Останато Нејмар: Емери е одличен тренер, му посакувам се најдобро

Нејмар: Емери е одличен тренер, му посакувам се најдобро

Бразилскиот репрезентативец и член на ПСЖ, Нејмар на пресконференцијата зборуваше многу убави работи за поранешниот тренер, Унаи Емери.

Иако во времето кога Емери беше тренер на ПСЖ се зборуваше дека тие двајца не се во најдобри односи, изгледа дека сето тоа Нејмар го демантираше на пресконференцијата на бразилската репрезентација. Тој зборуваше за Емери и неговата нова авантура во Арсенал само со суперлативи.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Арсенал игра одличен фудбал. Во одлична серија се и сите знаат дека Емери е одличен тренер. Среќен сум што имав среќа да работам со него, бидејќи е навистина одличен. Тој навистина уживаше додека не тренираше и додека учеше нови нешта во фудбалот. Мислам дека на Арсенал ќе му донесе убави работи. Му посакувам се најдобро“, изјави Нејмар.

Потсетуваме, Нејмар и Бразил вечерва го играат пријателскиот натрпевар против Уругвај, а натпреварот ќе биде одигран на „Емирати“ во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јувентус уште во јануари го продава напаѓачот кој го доведе ова лето?

Канадскиот напаѓач Џонатан Дејвид (25) изразува незадоволство со минутажата која ја добива…