Дома Фудбал Останато Нејмар го чека тешка казна за испадот, Тухел му одржа лекција (видео)

Нејмар го чека тешка казна за испадот, Тухел му одржа лекција (видео)

Најголемата ѕвезда на ПСЖ, Нејмар повторно е во центарот на вниманието поради инцидентот кој го направи во финалето од Купот на Франција, против Рен.

Фрустрираниот Нејмар после загубеното финале влезе во расправија со еден навивач, па дури и физички го нападна, инцидент кој крена „голема прашина“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еминентниот „Екип“ пишува дека Нејмар ќе добие суспензија од пет до осум натпревари, а тоа значи дека сезонава за него е дефинитивно завршена.

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел денес јавно му одржа лекција на Бразилецот.

„Воопшто не ми се допадна тоа што го видов, не е можно да направите такво нешто, едноставно е недозволиво. Не е лесно да се искачувате по скалите по еден пораз, тоа е тешко за мене и за сите играчи, но мора да го прифатиме тоа. Кога губиме, мора да покажеме респект. Непотребно е да влезете во конфликт со навивач, не смеете да го правите тоа“, му порача Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…