Бразилскиот фудбалер Нејмар и манекенката со хрватско потекло Наталија Барулиќ ја потврдија љубовната врска.
Тие двајца и претходно беа забележани заедно во јавноста, а љубовата ја потврдија во еден руски магазин. Магазинот објави нивна фотографија со текст:
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Заштите ги своите најмили. Нејмар и Наталија не потсетуваат колку е важно да се поддржуваме и да ги заштитиме своите најдраги. Не е важно дали затворени или во карантин морате да комуницирате преку телефон. Бидете сигурни, бидете силни“, гласи пораката.
Се огласи и Наталија која кратко напиша:
„Бони и Клајд“.