Дома Фудбал Останато Нејмар: Во ПСЖ созреав како човек и како фудбалер

Нејмар: Во ПСЖ созреав како човек и како фудбалер

Денес беше објавено официјалното продолжување на договорот на Нејмар до 2025 година.

Според новиот договор Нејмар ќе заработува 30 милиони евра место сегашните 35, но се обезбеди со големи примања во наредните четири години. Освен тоа во договорот се вклучени разни бонуси.

По продолжувањето на договорот Нејмар ја даде и првата изјава.

„Презадоволен сум што останав во Париз. Среќен сум и горд што сум дел од оваа група и што работам со овие играчи, сите заедно пишуваме историја на овој клуб. Тоа се работите кои ме тераат да останам и да верувам во проектот. Во ПСЖ созреав како човек и како фудбалер. Се надевам ќе освоиме уште многу трофеи“, изјави Нејмар.

Во редовите на ПСЖ Нејмар дојде летото 2017 година за сума од 222 милиони евра, а во Париз постигна 85 гола на 112 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалерите го одработија првиот тренинг во Амстердам 📸

Maкедонската фудбалска репрезентација ја чека натпреварот од последното коло во групата на…